Додека нас нè држат будни, институциите спијат, велат жителите на скопската населбата Капиштец кои утре во 19 часот ќе протестираат против бучавата од кафулето „Интермецо“. Организатори на протестот се граѓанската иницијатива „За пристоен Капиштец“, од каде ги повикуваат граѓаните да им се придружат на мирниот протест кај кошаркарското игралиште во паркот во Капиштец.
- 20 ГОДИНИ СМЕ ЗАЛОЖНИЦИ НА КАФУЛЕТО „ИНТЕРМЕЦО“ И НИКОЈ НИШТО НЕ МУ МОЖЕ, СИ РАБОТИ ИАКО МУ СЕ ПИШАНИ КАЗНИ, ВЕЛАТ ЖИТЕЛИТЕ НА КАПИШТЕЦ
- ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА ПАК ГО ЗАТВОРИ СКОПСКОТО КАФУЛЕ „ИНТЕРМЕЦО“ ЗА ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ, ЗА ПУШЕЊЕ КАЗНЕТИ 58 ОБЈЕКТИ
- СКОПСКОТО КАФУЛЕ „ИНТЕРМЕЦО” ЗАГРАДИ ДЕЛ ОД ГРАДСКИОТ ПАРКИНГ ПРЕД ОБЈЕКТОТ ЗА ВЕЧЕРАШНАТА ЖУРКА СО ТУРСКИ ДИЏЕЈ
„Постојано сме изложени на прекумерна бучава од околните угостителските објекти со микс од техно журки и турбо фолк. Алкохолизирани група дивеат навечер и ја кршат урбаната опрема, а институциите кои треба тоа да го спречат и да го заштитат јавниот ред и мир, нигде ги нема. Доста ни е од бучавата, сега ние ќе бидеме гласни“, велат во повикот за протест од „За пристоен Капиштец“.
Жителите велат дека тие бараат само почитување на законските прописи, редовни и ефикасни инспекциски контроли, како и заштита на јавниот ред и мир во населбата.
Кафулето „Интермецо“ неколку пати изминативе години добиваше казни за гласна музика, дури беше и затворено од Пазарната инспекција, но потоа пак си продолжуваше по сторо.
А. АНТЕВСКА



