ШАХОВСКИ ПАРК СО 15 ПРОФЕСИОНАЛНИ ТАБЛИ ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

    ШАХОВСКИ ПАРК СО 15 ПРОФЕСИОНАЛНИ ТАБЛИ ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДАПаркот ќе биде со површина од 4.000 метри квадратни и ќе има едно големо шаховско поле за одржување на натпревари и уште едно за рекреативно дружење.(Фото: Општина Кисела Вода)

    Во скопската населба 11 Октомври почна да се гради шаховски парк, кој ќе биде прв во земјава. Паркот ќе биде со површина од 4.000 метри квадратни и ќе има едно големо шаховско поле за одржување на натпревари и уште едно за рекреативно дружење. Ќе има 15 професионални шаховски табли кои ќе бидат наменети за одржување на натпревари од локален, регионален и меѓународен карактер.

    Идејата за ова велелепно дело кое ќе биде изградено за краток период, произлезе од заедничкиот разговор со претседателот на шаховската федерација на Македонија Саша Богдановиќ, со кого ги прецизиравме деталите за тоа како сѐ ова да изгледа и на кого сакам искрено да му се заблагодарам. Нешто слично на ова, постоело во Градскиот парк во Скопје за време на одржување на Шаховската олимпијада во далечната 1972 година, но не како шаховски парк, туку само импровизирани полиња кои служеле за потребите на натпреварите“, рече градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

    Претседателот на шаховската федерација Саша Богдановиќ кажа дека овој парк ќе биде од голема полза за учениците, бидејќи шахот веќе е изборен предмет во училиштата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира