ШЕСТ НОВИ АВТОБУСИ ЗА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО ШТИП И ЕДЕН ЗАЕДНИЧКИ СО ОПШТИНА КАРБИНЦИ  

    ШЕСТ НОВИ АВТОБУСИ ЗА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО ШТИП И ЕДЕН ЗАЕДНИЧКИ СО ОПШТИНА КАРБИНЦИ  Автобусите веќе се пристигнати во Штип и првите три дена возењето ќе биде бесплатно. ( Фото: СДК.МК )     

    Општина Штип набави шест нови автобуси за потребите на јавниот превоз кој ќе стартува од први септември. Приоритет во јавниот превоз ќе имаат учениците, а ќе го користат и останатите граѓани.

    „Според веќе донесените одлуки и утврдениот возен ред од страна на Советот на Општината предвидени се седум линии кон сите правци во градот, неговата околина и до приградските населби. Станиците се веќе обележани, а почетна односно последна станица ќе биде Трговскиот центар во Штип. Превозот ќе почнува од шест часот до 19,30 часот. За поголемите населби јавен превоз ќе има и преку викендите“, рече градоначалникот на Штип Иван Јорданов кој ги пречека новите автобуси и веднаш ги пушти во сообраќај.

    Општина Штип ќе има заеднички јавен превоз и со Општина Карбинци, па така од понеделник до петок неколку пати во денот ќе има автобус од центарот на Штип, населбите Баби, приградската населба Караормнан, селото Карбинци и крајната дестинација е селото Радење и обратно.

    „За учениците превозот е бесплатен, а за останатите цената на поединечниот билет за градскиот превоз ќе изнесува 30 денари, а за населбите во Општината во зависност од одалаченоста ќе изнесува 35, 40 или 60 денари во градот,  70 денари до селото Карбинци и 90 денари за најодалечената дестинација, селото Радење. Повратните билети ќе чинат од 50 до 140 до Радење, а месечните билети ќе се движат од 700 денари за градските линии до 1.300 денари за најодалечените места“, вели Панче Стефановски, директорот на ЈП „Стипион“ кое ќе стопанисува со јавниот превоз.

    Според него,  во наредниот период јавниот превоз ќе се надополнува со нови автобуси и со нови линии кон населбите и селата во Општината кои не се опфатени во оваа фаза.

    Т. ЈОВАНОВСКИ   

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира