ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ ПОБАРА ПОМОШ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ДА ГО УРЕДИ ЦЕЛИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ ПОБАРА ПОМОШ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ДА ГО УРЕДИ ЦЕЛИОТ ПОКРИВ НА ГТЦШилегов на затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ побара помош покривот да стане култен културен простор во Скопје.(Фото: Град Скопје)

    Градоначалникот Петре Шилегов го повика претседателот Стево Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на Градскиот трговски центар (ГТЦ). Шилегов на затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ побара помош покривот да стане култен културен простор во Скопје.

    „Фестивалот ‘Синедејс‘ не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во Скопје. Дел од проекциите на фестивалот се одржаа пред поранешните кина Маџари, Влае, Кисела Вода, Напредок. И еве сме, пред еден предизвик. Јас сум спремен, претседателе Пендаровски, како градоначалник да го финансирам проектирањето и ве повикувам вас, заедно да го уредиме овој простор како нов културен простор, а во име на кандидатурата на нашиот град за Европска престолнина на културата во 2028 година. Заеднички, вие како покровител, а јас како реализатор, да отвориме еден нов културен простор како што е покривот каде што вечерва се наоѓаме“, рече градоначалникот Шилегов.

    Град Скопје лани уреди дел од ГТЦ во зелен покрив.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира