ШИЛЕГОВ НАЈАВИ НОВ МОСТ ОД АЕРОДРОМ ДО САЕМ, ЌЕ СЕ УРИВААТ 100 ОБЈЕКТИ

    ШИЛЕГОВ НАЈАВИ НОВ МОСТ ОД АЕРОДРОМ ДО САЕМ, ЌЕ СЕ УРИВААТ 100 ОБЈЕКТИГрадоначалникот Шилегов рече дека постоело и алтернативно решение за изградба на мостот по друг коридор, со кое би се урнале само 20 објекти и би се заштедиле 5 милиони евра, но советниците во Советот на Општина Гази Баба не дале согласнот. - Градоначалникот Петре Шилегов и градоначалниците на Општините Аеродром и Гази Баба, Златко Марин и Борис Георгиевски, презентираат каде ќе се гради новиот мост. (Фото: Град Скопје)

    Град Скопје ќе гради нов мост со кој населбата Аеродром преку Керамидница ќе се поврзе со општина Гази Баба, најави денес градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

    Мостот ќе почнува од булеварот АСНОМ кај хотел „Русија“ од каде преку реката Вардар низ населбата Керамидница треба да се спои со крстосницата кај саем. За изградба на мостот ќе се уриваат околу 100 објекти во населбата Керамидница. Изградбата ќе чини 16 милиони евра од кои 8 милиони за градежни работи а 8 милиони за експропријација.

    Градоначалникот Шилегов рече дека постоело и алтернативно решение за изградба на мостот по друг коридор, со кое би се урнале само 20 објекти и би се заштедиле 5 милиони евра, но советниците во Советот на Општина Гази Баба не дале согласност.

    „Потпишавме договор за меѓуопштинска соработка со Општина Гази Баба за да го преземе тој коридор, но советниците од Гази Баба каде мнозинство се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ одби да го прифати тој договор. Нивната цел, да ја бојкотираат работата на мене како градоначалник на Скопје и градот да се развива нема да дозволам да се реазилира. Иако тоа ќе биде на потешкиот начин, ние немаме проблем. Скопје ќе се развива во европска престолнина“, рече Шилегов.

    Мостот ќе почне да се гради во септември, до кога треба да завршат тендерски постапки и експропријацијата и ќе трае 24 месеци.

    Шилегов кажа дека новиот мост ќе даде сериозна развојна компонента на градот. Од Ново Лисиче до саем или од Автокоманда до Бисер ќе се стигнува со возила за 5 минути односно за 10 минути со велосипед.

    Новата сообраќајница освен нов мост со должина 120 метри предвидува и пробивање на нов булевар и реконструкција на стар во должина од 2.170 со 5 вкрстувања, 6 коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки и 3 дрвореди. На оваа делница ќе бидат пуштени и нови автобуски линии.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира