ШТИП ДОБИ ДИНО ПАРК ИЗГРАДЕН ЗА 500 ИЛЈАДИ ЕВРА

    ШТИП ДОБИ ДИНО ПАРК ИЗГРАДЕН ЗА 500 ИЛЈАДИ ЕВРАПоставени се педесетина експонати, од кои дваесетина се виртуелни диносауруси кои реагираат на сензории и се движат. (Фото: СДК.МК)

    Општина Штип изгради Дино парк на површина од речиси 10.000 квадратни метри во излетничката месност Кртеќе, каде е и паркот Бриони и Зоолошката градина. Поставени се педесетина експонати, од кои дваесетина се виртуeлни диносауруси кои реагираат на сензори и движат и при тоа испуштаат крикови.

    Целиот парк, заедно со сите придружни објекти, патеки и комплетното уредување и осветлување, беше предвидено да чини 50 милиони денари (над 800 илјади евра), но Општина Штип, направила корекција на проектот во делот на хортикултурното уредување кое комплетно ќе биде завршено со сопствени сили на јавните комунални претпријатија, со цел вкупната инвестиција да се намали и да се сведе на 500.000 евра. Диносуарусите и останатите придружни објекти се набавени и изградени од економскиот оператор кој го добил тендерот за овој проект.

    Во Дино паркот има пешачки патеки, лулашки и игралишта за баскет, а во негова близина е новоизградениот зимски базен и Зоолошката градина која се отвори пред десетина години. Според општинскиот план, кон месноста Суитлак во план е да се изгради адреналинска патека.

    Ваков Дино парк е изграден во 2021 во Скопје, во Зоолошката градина.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира