ШТИП ГИ ПРОШИРУВА ЦЕНТРАЛНИТЕ УЛИЦИ ЗА ДА НЕМА ЗАСТОЈ ЗА ВОЗИЛАТА НА БРЗА ПОМОШ

    ШТИП ГИ ПРОШИРУВА ЦЕНТРАЛНИТЕ УЛИЦИ ЗА ДА НЕМА ЗАСТОЈ ЗА ВОЗИЛАТА НА БРЗА ПОМОШВо центарот улиците се еднонасочни и мошне фрекфентни, па на Брзата помош ѝ треба време за да излезе од градот. (Фото: СДК.МК)

    Возилата на Брза помош од Штип кои заминуваат за Скопје и амбулантските возила од соседните градови кои речиси секојдневно носат пациенти во Клиничката болница во Штип постојано се во застој. Во центарот улиците се еднонасочни и мошне фрекфентни, па на Брзата помош ѝ треба време за да излезе од градот.

    Посебно е отежнат сообраќајот по централните градски улици од двете страни на реката Отиња кои водат кон Клиничката болница во Штип која се наоѓа на крајот од градот, а улиците до неа се тесни, дел од коловозот се користи за паркирање и од густиот сообраќај возилата на Брза помош постојано се блокирани.

    „За да има непречен проток на сообраќајот, Општината почна да ја проширува улицата од мостот кај црквата ‘Свети Никола’ до мостот кај гимназијата ‘Славчо Стојменски‘ во должина од 200 метри, со тоа што над коритото на реката Отиња се поставува висечка пешачка патека од два метра за да има простор за пешаците, но и за паркирање на возилата и за минување на две колони возила. На тој начин се создаваат услови да се пропуштаат амбулантските возила“, велат од Општина Штип.

    Од Општината велат дека тоа е само прва фаза која ќе чини 9,5 милиони денари, а веќе се бараат нови извори на средства за да може во наредната година да се реализира втората фаза на проширување на улицата Васил Главиновм која покрај реката Отиња води кон Клиничката болница.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира