ШТИП ЌЕ ДОБИЕ МАЛ ГРУПЕН ДОМ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ

    ШТИП ЌЕ ДОБИЕ МАЛ ГРУПЕН ДОМ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИВо прифатилиштата во Македонија има повеќе деца без родители од Штип, па со посебни критериуми ќе се изготви список кој ќе добие место во новиот центар

    Центарот за социјални работи во Штип наскоро ќе отвори нов центар за деца без родители на возраст од три до 18 години. Веќе е започната адаптацијата на зградата во којашто ќе биде сместен овој центар наречен „Мал групен дом“, кој ќе се наоѓа над веќе отворениот центар за деца со аутизам во населбата Пребег во Штип.

    Оваа ранлива категорија на деца ќе ги има сите потребни услови за живот со комплетно сместување, што вклучува храна, лична хигиена, облека, нега, грижа за здравјето и образование. Двата центри ќе бидат просторно одделени со посебни влезови. Центарот ќе биде отворен за 2-3 месеци, а ќе има капацитет за девет деца.

    „За непречена 24-часовна грижа на децата, од буџетот на Општината и Министерството за труд и социјална политика ќе се издвојуваат средства за ангажирање на професионални лица од областа на дефектологија, психологија и социјала. Обезбедувањето на објектот ќе биде грижа на Општината, а трошоците за реновирање, адаптација и за опремување ќе бидат покриени од Министерството“, вели градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира