ШТИПСКАТА БОЛНИЦА НАБАВИ НОВ МОБИЛЕН АПАРАТ ЗА ХИРУРШКИ ЗАФАТИ

    ШТИПСКАТА БОЛНИЦА НАБАВИ НОВ МОБИЛЕН АПАРАТ ЗА ХИРУРШКИ ЗАФАТИАпаратот ќе овозможи операциите да се изведуваат побрзо и побезбедно (Фото: СДК.МК)

    Одделенијата за хирургија и урологија при Клиничката болница во Штип добија нов мобилен апарат за хируршки зафати.

    Раководството на болницата истакна дека апаратот е набавен со сопствени средства во износ од 2,2 милиона денари. Со него се скратува времето на оперативните зафати и се овозможува подобар увид во врзувањето на крвните садови, со што се намалуваат ризикот од постоперативно крвавење и некои други компликации.

    „На сите вниманието е насочено кон ковид-19, но ние како регионална клиничка болница мораме да мислиме и на осовременување на останатите одделенија, како што е случај со хирургија“, вели директорот Ален Георгиев.

    Клиничката болница во Штип оваа година планира набавка и на други апарати во вредност од 20-30 милиони денари. Одделот за патологија ќе добие два апарата, Одделот за рентген и дијагностика исто така ќе добие нов апарат, за кој веќе се обучени двајца доктори, а ќе се набави и нова компјутерска томографија.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира