Клиничката болница во Штип го стави во употреба новиот респиратор, кој ќе биде во Одделението за анестезиологија, а ќе наменува за сите пациенти кои ќе имаат потреба за него.
„Апаратот ќе го користат пациенти во сообраќајки и други несреќи, но и за пациенти од други одделенија како Гинекологија, Траумотологија, кои ќе имаат таква респираторна подршка. Тоа значи дека ако се укаже потреба, новата апарартура ќе биде примената и за пациентите со ковид-19“, вели раководителката на Одделението за анестезија и реанимација Радмила Зенделова.
Директорот на Клиничката болница д-р Ален Георгиев вели дека ваква современа компјутерска машина во Македонија има само на Клиниката за кардиологија во Скопје, а ќе биде од корист за граѓаните во цела Источна Македонија.
„Новата опрема е само дел од набавката на современа апаратура со сопствени средства. Новиот софистициран компјутерски респиратор чини 30 илјади евра и не е последно од програмата за осовременување на Болницата во Штип“, вели д-р Георгиев.
Т. ЈОВАНОВСКИ