ШТИПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ БАРААТ ВЛАДАТА ДА ГО УКИНЕ НАМАЛУВАЊЕТО НА ПОСМРТНИНАТА ОД 30.000 НА 25.000 ДЕНАРИ

    ШТИПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ БАРААТ ВЛАДАТА ДА ГО УКИНЕ НАМАЛУВАЊЕТО НА ПОСМРТНИНАТА ОД 30.000 НА 25.000 ДЕНАРИПензионерите од Штип реагираат и што месечниот износ што тие го плаќаат за фондот за посмртнина е зголемен од 150 на 180 денари. (Фото: СДК.МК)

    Штипските пензионери трудови инвалиди бараат од Сојузот на пензионерите и од Влдата да го преиспитаат намалувањето на посмртнината за 5.000 денари, од 30.000 денари се намалува на 25.000 денари, одлука која според нив била донесена во тесен круг луѓе без да присуствуваат членките од внатрешноста на државата. И штипското здружение за оваа одлука дознало откако била објавена во Службен весник.

    „Тајно и без да ги консултираат општинските здруженија на пензионерите, Сојузот на пензионерите донел одлука посмртнината што досега ја добиваа семејствата за секој свој загубен член пензионер да се намали од 30.000 на 25.000 денари. Исто така, реагираме и на одлуката за која воопшто не сме консултирани, што месечниот издаток кој пензионерите го издвојуваат од своите пензии и го плаќаат токму за оваа цел е зголемен од 150 на 180 денари“, вели преставникот на пензионерите трудови инвалиди во Штип, Миланчо Маневски.

    Тој смета дека нивното барање да нема корекција на солидарниот фонд во случај на смрт на нивен член кој истиот сами го создаваат е во интерес на сите 1.700 членови пензионери, трудови инвалиди и очекува да имаат поддршка и од останатите 10.000 пензиионери колку што вкупно има во Штип. Очекуваат поддршка и од останатите општински здруженија во државата, затоа што наместо да се зголеми посмртнината се намалува. Ако не се преиспита и коригира ова големо намалување на посмртнината, тие како Здружение најавија ќе протестираат до исполнување на нивните барања.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира