ШТИПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ НА ПРАЗНИЧЕН ПРОТЕСТ ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 5.000 ДЕНАРИ

    ШТИПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ НА ПРАЗНИЧЕН ПРОТЕСТ ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 5.000 ДЕНАРИПензионерите протестираа за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари и 18.000 денари минимална пензија. (Фото: СДК.МК)

    Штипските пензионери денеска протестираа за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари и 18.000 денари минимална пензија. Претходно, пензионерите во чест на 11 Октомври оддадоа почит на загинатите борци од НОВ на споменикот на Револуцијата на Исарот, а потоа на плоштадот во центарот на градот имаа општонароден протест.

    Штипски пензионери во знак на протест на министерката Тренчевска ѝ го подарија нивниот празничен ручек, полнети пиперки без месо и без зејтин. (Фото: СДК.МК)

    На протестот, штипска пензинерска двојка во името на сите пензионери кои протестираат, а во знак на револт што се исполнуваат нивните барања, симболично за министерката за труд и социјални рабпти Јованка Тренчевска подари празничен ручек од две мали пиперки полнети само со ориз без месо и без зејтин, за илустрација како живеат тие, а некои со нивните пензии и тоа не можат да го купат.

    Пензионерите ѝ кажаа на Владата дека не ѝ требаат никакви лажни пакет мерки, туку исполнување на нивните барања, и дека ќе се радикализираат протестите.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира