ШУМАТА ВО КУЧКОВО СЕКОЈ ВИКЕНД БЛОКИРАНА СО КОЛИ      

    ШУМАТА ВО КУЧКОВО СЕКОЈ ВИКЕНД БЛОКИРАНА СО КОЛИ      За викенд, сликата е иста како на Водно, насекаде има паркирани коли и фрлени отпадоци. (Фото: СДК.МК)

    Шумата и патеките за пешачење во Кучково секој викенд се блокирани со коли. Граѓани кои со коли доаѓаат на пикник во ова излетничко место возат низ шумата и ги паркираат возилата меѓу дрвјата, на патеките за прошетка.

    Изминативе неколку години Кучково стана популарно излетничко место и голем број граѓани го посетуваат сакајќи да ги избегнат гужвите на Водно. Но, за викенд, сликата е иста како на Водно, насекаде има паркирани коли и фрлени отпадоци.

    Проблемот во Скопје со непрописно паркирани коли никако да се реши. Секој викенд блокирана со возила е и планината Водно. Но, и покрај тоа, никој не казнува, ниту се најавува решение за проблемот.

    Ексградоначалникот Петре Шилегов кога дојде на функција во 2017 донесе одлука за забрана на движење на возила на Водно и беа воведени бесплатни автобуски линии за викенд до Средно Водно. Но, по една година, забраната се укина и се воведе наплата на паркингот на Средно Водно, но тоа не го реши проблемот.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира