Швајцарската влада ќе се потруди да продолжи да биде поддршка на граѓанското општество во земјава, рече швајцарската амбасадорка Вероник Улман. одговарајќи на новинарско прашање дели Швајцарија ќе продолжи да ги поддржува проектите на невалдиниот сектор во земјава во услови кога се замрзнати средствата од американската УСАИД.
„Цивика Мобилитас постои веќе 15 години и ќе продолжи да постои уште некое време. Швајцарија ќе се труди да продолжи со поддршката на демократијата и добрата вклученост во демократијата во Северна Македонија. Дали тоа ќе биде преку оваа програма или преку некоја друга форма, сѐ уште не е познато. Но, швајцарската влада ќе се потруди да продолжи да биде поддршка на граѓанското општество“, рече амбасадорката која присуствуваше на конференцијата за Регионална платформа на млади во Битола.
Преку програмата Цивика Мобилитас во изминатиот период беа поддржани бројни проекти и иницијативи за развој на демократијата и граѓанското општество во Македонија.
Ж. ЗДРАВКОВСКА