СИ ЈА ЗАГРАДИЛ УЛИЦАТА СО СТОЛПЧИЊА ВО СКОПСКИ БУТЕЛ, ОПШТИНАТА НЕ РЕАГИРА

    СИ ЈА ЗАГРАДИЛ УЛИЦАТА СО СТОЛПЧИЊА ВО СКОПСКИ БУТЕЛ, ОПШТИНАТА НЕ РЕАГИРАБез никаква дозвола и сообраќајно решение, во понеделникот не влезот на улицата се поставени столпчиња. (Фото: СДК.МК)

    Жител на улицата Љуба Ивановиќ во скопската населба Бутел 2, ја затворил улицата со столпчиња и сега едниот влез е блокиран. Без никаква дозвола и сообраќајно решение, во понеделникот на влезот на улицата се поставени столпчиња, а како што велат жителите никој од Општина Бутел не реагира.

    „Некој решил дека улицата која го поврзува целото маало со главната улица Кемал Сејфула и е една од артериите за слободно движење на граѓаните со надворешноста, треба да се затвори, на диво. Улицата не е приватна сопственост. Тоа е јавна површина која треба да биде одржувана од Општината“, велат жители на улицата.

    Тие раскажуваат дека сега имаат само еден влез и излез на улицата и вртат цели кругови за да стасаат дома.

    „Улицата е тесна, па наутро кога камионот собира ѓубре не можеме да се разминеме, чекаме да помине па да излеземе. Велат дека комшиите си ги ставиле столпчињата за да може децата да си играат. Пријавивме во Општина Бутел ама џабе, никој не реагираа“, додаваат граѓаните.

    Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски ни изјави дека инспекторите биле на терен и ситуацијата ќе се среди.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира