СИЛНО НЕВРЕМЕ ГИ ОСТАВИ ЖИТЕЛИТЕ НА РЕГИОНОТ АЗОТ БЕЗ СТРУЈА 54 ЧАСА

    СИЛНО НЕВРЕМЕ ГИ ОСТАВИ ЖИТЕЛИТЕ НА РЕГИОНОТ АЗОТ БЕЗ СТРУЈА 54 ЧАСАЖителите на Богомила и на околните села велат дека без струја животот целосно им запрел (Фото: СДК.МК)

    Жителите на селата од регионот Азот во Општина Чашка реагираат оти изминативе денови во два наврати повеќе од 50 часа биле без електрична енергија. Велат дека животот сопрел, иако за викенд бројни мештани се враќаат во родниот крај.

    „Има голем револт кај жителите на Богомила и околината. Во два наврати снема струја, на вкупно 54 часа. Само ние знаеме како ги минавме тие два дена. Дете се плаши во мрак, а таму беше сè во темница, само месечината навечер осветлуваше“, велат жилетите на Богомила.

    Од ЕВН објаснуваат дека причината било големото невреме во Азот на 25 јуни, кое ја оштетило мрежата.

    „Екипите на ‘Електродистрибуција‘ на терен се соочија со бројни паднати столбови и оштетени кабли. Беа вложени максимални напори за стабилизирање на снабдувањето, меѓутоа поради обемот и сложеноста на дефектот, санацијата одзеде повеќе време од вообичаено. Снабдувањето се нормализираше на 26 јуни на пладне. За жал, ова невреме сериозно оштети доводен кабел, поради што овие жители повторно во вторникот останаа без електрична енергија. Вчера снабдувањето беше нормализирано“, кажа Вјоса Селими, портпаролка на ЕВН Македонија.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира