СИМПАТИЗЕРИ НА ЗИЈАДИН СЕЛА ОДЕЈЌИ НА МИТИНГ ДЕМОЛИРАЛЕ НАПЛАТНА РАМПА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СИМПАТИЗЕРИ НА ЗИЈАДИН СЕЛА ОДЕЈЌИ НА МИТИНГ ДЕМОЛИРАЛЕ НАПЛАТНА РАМПА

    Вчеравечер околу 20.30 часот, група засега непознати лица кои патувале на релација Гостивар-Тетово ја демолирале наплатната рампа и го повредиле службеното лице кое наплатувало. Според СВР Тетово, најверојатно станува збор за симпатизери на политичка партија кои патувале со автобус со скопски регистарски таблички.

    Неофицијално, насилниците биле симпатизери на Партијата за реформа на ДПА на Зијадин Села, кои оделе на митингот на партијата што вчеравечер се одржа во Гостивар.

    Кога дошле до наплатната рампа на влезот во Тетово, не сакале да платат патарина па излегле од автобусот и почнале вербално да се расправаат со вработениот, 53 годишниот И.Р., по што и физички го нападнале, а на кабината од наплатната рампа бр.5 ги искршиле стаклата. По ова заминале, додека вработениот на патарината бил пренесен во тетовската клиничка болница каде бил задржан на лекување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира