СИТЕ 80 ТЕСТИРАНИ РАБОТНИЦИ ОД ТЕКСТИЛНА ФАБРИКА ВО ШТИП СЕ НЕГАТИВНИ НА КОРОНАВИРУС

    СИТЕ 80 ТЕСТИРАНИ РАБОТНИЦИ ОД ТЕКСТИЛНА ФАБРИКА ВО ШТИП СЕ НЕГАТИВНИ НА КОРОНАВИРУСПроизводствениот процес во погонот ќе продолжи од понеделник (Фото: СДК.МК)

    Сите 80 работници од погон во текстилна конфекција која важи за една од најголемите во Источна Македонија се негативни на коронавирус.

    Тестирањето било направено откако еден вработен добил симптоми на коронавирус. Погонот веднаш бил затворен и изолиран од останатите. Денеска биле објавени резултатите од тестирањата, кои биле негативни и се очекува од понеделник погонот да продолжи со работа.

    Денеска биле известени и сите деловни партнери со кои овој погон соработува дека вработените биле превентивно тестирани и се негативни. Во целата фабрика, која се наоѓа во ТИР зоната кај Штип, како што соопштуваат, биле преземени заштитни мерки и строги протоколи, како носење маска, социјална дистанца, дезинфекција на халите, како и при превозот на вработените.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира