„СИТЕ ГО САКАМЕ ЉУБОЈНО“ ПРОДОЛЖУВА СО ПРОТЕСТИ ДОДЕКА ВЛАСТА ОФИЦИЈАЛНО НЕ ПОТВРДИ ДЕКА ЈА ЗАПИРА СЕЧАТА

    „СИТЕ ГО САКАМЕ ЉУБОЈНО“ ПРОДОЛЖУВА СО ПРОТЕСТИ ДОДЕКА ВЛАСТА ОФИЦИЈАЛНО НЕ ПОТВРДИ ДЕКА ЈА ЗАПИРА СЕЧАТАЖителите облечени во маици „Сите го сакаме Љубојно“, секој ден излегуваат на протести од 9.30 до 11 часот. (Фото: СДК.МК)

    Жителите на преспанско Љубојно со секојдневните простести кои траат веќе две недели успеаја засега да ја запрат сечата на шумата која се одвиваше над селото во близина на црквите „Св. Атанас“ и „Св. Петар и Павле“. Велат дека откако почнаа да протестираат, веќе ги нема камионите кои биле вклучени во сечата.

    Но сепак, не се откажуваат од протестите сѐ додека не добијат и официјално ветување од надлежните институции дека сечата ќе запре и нема одново да се активира. Жителите облечени во маици „Сите го сакаме Љубојно“, секој ден излегуваат на протести од 9.30 до 11 часот.

    Тие се жалат дека голата сеча ќе предизвика еколошка и инфраструктурна катастрофа за селото. Стравуваат од свлечишта, поплави при обилни дождови и контаминирање на резерварот за вода. Додаваат дека камионите го оштетиле селскиот пат кој го правеле жителите за пристап до црквите, кој не е јавен пат и во дел поминува низ приватни имоти.

    Од Владата рекоа дека сечењето на шумата кај Љубојно е регуларна сеча на нискостеблест даб во одделите 29 и 30, во шумско-стопанската единица Пелистер Брајчино. Објаснуваат дека испочитувана е целокупната законска регулатива, направен е премер од стручни лица и донесен посебен план, рецензиран од стручна комисија и е одобрен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Сечата на јавен тендер ѝ беше доделена на приватна компанија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира