СКОПЈАНЕЦ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 ИЗЛЕГОЛ ОД ИЗОЛАЦИЈА И ВО СТАНОТ ВО ОХРИД ВИКНАЛ ОПЕРАТОРИ ДА МУ МЕСТАТ ИНТЕРНЕТ

    СКОПЈАНЕЦ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 ИЗЛЕГОЛ ОД ИЗОЛАЦИЈА И ВО СТАНОТ ВО ОХРИД ВИКНАЛ ОПЕРАТОРИ ДА МУ МЕСТАТ ИНТЕРНЕТНе само што излегол од изолација, заразениот скопјанец низ Охрид се шетал и без заштитна маска и без ракавици. (Фото:СДК.МК)

    Скопјанецот Д. А. (44) иако имал наод дека е позитивен на коронавирусот, се упатил во својот стан во Охрид и се шетал низ градот без заштитна маска и ракавици, иако требало да биде во самоизлолација.

    „Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д .А.(44) од Скопје. Тој на 13.03.2020 година се вратил од Австрија и потпишал изјава за самоизолација. На 20.03.2020 година бил во болничка установа во Скопје за да се тестира од коронавирус. По медицинскиот наод дека е позитивен, самоиницијативно, непочитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид. Притоа, непречено се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23.03.2020 година, бил во службените простории на еден оператор по што во станот примил и вработени кои му ја извршиле договорената услуга”, вели портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари