Слатководниот рак си направи живеалиште во фрижидер што се наоѓа на дното на Охридското Езеро. Охридските нуркачи од „Акватек” го пронајдоа фрижидерот минатата година, но одлучија да не го вадат бидејќи стравуваат дека ќе биде уништен и живиот свет.
„Размислуваме дали да се извади бидејќи има доста жив свет на неговата површина, а има и знаци на живеалиште на охридскиот слатководен рак. Ќе се консултираме со стручни лица и ќе делуваме. Забележавме дека околу фрижидерот има многу малку жив свет, но на него вирее”, кажуваат охридските нуркачи.
Нуркачите го открија фрижидерот на 15 метри длабочина, откако бил фрлен на 500 метри од брегот.
Д. ЧУБРИЌ