Вакцинирањето против ковид-19 в петок започнува и во Тетово, во Здравствениот дом. Од оваа здравствена установа велат дека се направени сите подготовки процесот на вакцинирање на населението да се одвива непречено.
„Првите дози се наменети за категоријата на лица над 77 години, кои се пријавиле преку сајтот вакцинација.мк и Мој термин. Досега се пријавени околу 5.200 граѓани и тоа не само од Тетово туку и од околните пет општини од Тетовскиот Регион. Од страна на Министерството за здравство добиени се 800 вакцини кои првично ќе бидат наменети за лица над 77-годишна возраст. По вакцинација на оваа категорија се преминува кон вакцинирање и на останатите старосни категории. Во наредниот период вакцините до нас ќе се доставуваат сукцесивно, според бројот напријавени пациенти од посочената категорија“, информира Борислав Јоргаќиески, директор на Здравстен дом.
Вакцинирањето ќе се спроведува во Службата за вакцинација која е во состав на Здравствен Дом Тетово, а доставени се вакцини од производителот „АстраЗенека“.
З. АНДОНОВ