СООБРАЌАЈНАТА ПОЛИЦИЈА ВО ВЕЛЕС ОДЗЕЛА ОСУМ МОТОРИ ЗА ПЕТ МЕСЕЦИ ПОРАДИ ПРЕГОЛЕМА БУЧАВА

    СООБРАЌАЈНАТА ПОЛИЦИЈА ВО ВЕЛЕС ОДЗЕЛА ОСУМ МОТОРИ ЗА ПЕТ МЕСЕЦИ ПОРАДИ ПРЕГОЛЕМА БУЧАВАВо периодот од април до 31 август, во Велес се одземени 5 мопеди и 3 мотоцикли за техничка неисправност и бучава. (Фото: СДК.МК)

    За пет месеци, велешката сообраќајна полиција казнила осум мотори кои предизвикувале поголема бучава од дозволеното.  Од пролетта, жителите од сите делови на Велес континуирано се жалат на бучавата од моторите која ја има и дење и ноќе.

    „Во периодот од април до 31 август 2024 година во Велес се одземени 5 мопеди и 3 мотоцикли за техничка неисправност и бучава“, велат од СВР Велес.

    На седницата на Советот во мај, кога се разгледуваше годишниот извештај на Полициската станица (ПС) Велес, советниците го прашаа командирот Александар Костов дали и што ќе преземе сообраќајната полиција за да се сопрат младите возачи да не предизвикуваат толкава бучава со нивните мотори. Одговорот беше дека сообраќајната полиција не е дел од ПС Велес, но тој ќе им пренесе на колегите за реакциите од советниците. Кажа дека се планирала и акција за откривање на вакви случаи, која поради, тогашниот изборен период не била реализирана.

     П. ПЕЧКОВ   

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира