СПОМЕНИКОТ НА БЕГАЛЦИТЕ ОД ГРЦИЈА ПОЛА ГОДИНА ЗАТРУПАН СО ГРАДЕЖЕН ШУТ

    СПОМЕНИКОТ НА БЕГАЛЦИТЕ ОД ГРЦИЈА ПОЛА ГОДИНА ЗАТРУПАН СО ГРАДЕЖЕН ШУТПлочките стојат околу споменикот шест месеци, а Град Скопје кој го постави споменикот и кој е надлежен за Кејот, бара простор каде да ги смести - (Фото: Ѓ. Личовски) (Фото:Ѓ.Личовски)

    Спомeникот на македонските бегалци од граѓанската војна во Грција, на Кејот 13 Ноември во Скопје е затрупан со градежен шут. На сите страни околу споменикот на почетокот на шеталиштето се наредени плочките кои беа извадени за изградба на улицата на Кејот. Наоколу се шири непријатен мирис затоа што зад споменикот некои мочаат, а околу остатоците од плочките се собира ѓубре и паднати лисја што гнијат. Меѓу плочките се кријат и кучиња скитници.

    Плочките стојат околу споменикот веќе шест месеци. Од Град Скопје кој го постави споменикот и кој е надлежен за кејот велат дека проблемот е што не можат да најдат простор каде ќе се однесат бекатон плочките.

    „Се прави напор за остатоците од урбаните елементи кои треба да се повлечат, да се најде простор и истите што поскоро да бидат отстранети и депонирани“ велат од Градот.

    Споменикот на македонските бегалци од граѓанската војна во Грција, кој Градот го постави на Кејот, во близина на хотелот „Холидеј ин” е донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

    Споменикот е изработен во бронза, стои на постамент висок 4,5 метар и претставува композиција од 5 скулптури, кои го симболизираат протерувањето на Македонците од нивните домови во егејскиот дел на Македонија.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира