СПОРТСКАТА САЛА ВО БИТОЛА ОБНОВЕНА ВО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН ОБЈЕКТ, ОТСТРАНЕТ РАДИОАКТИВНИОТ ГРОМОБРАН

    СПОРТСКАТА САЛА ВО БИТОЛА ОБНОВЕНА ВО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН ОБЈЕКТ, ОТСТРАНЕТ РАДИОАКТИВНИОТ ГРОМОБРАНСалата доби и нов покрив кој со години прокапуваше (Фото: СДК.МК)

    Реконструиран е покривот на спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, еден од капиталните спортски објекти во градот стар 40-ина години, кој долго време прокапуваше.

    Преку проектот „Бенефит“, во кој партнер е Општина Битола, а е финансиран од европските фондови, ставени се нови 3.000 квадратни метри покрив на главната сала и изолација, како и 1.500 квадратни метри на ниските делови од салата, енергетски ефикасна дограма и светилки. Предвидено е вградување филтер во котелот за биомаса, а отстранет е радиоактивниот громобран, монтиран уште во времето на Југославија.

    Со ваквите зафати, во кои од буџетот се вложени 297.000 евра, енергетската ефикасност на спортската сала се зголеми за три класи. Активностите ќе завршат во октомври.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира