СПРЕЧЕН ОБИД ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАР НА ЦАРЕВ ВРВ, НАЈДЕНИ 30 ГУМИ, ДРВА И КАРТОНИ, КАЖА АНГЕЛОВ

    СПРЕЧЕН ОБИД ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАР НА ЦАРЕВ ВРВ, НАЈДЕНИ 30 ГУМИ, ДРВА И КАРТОНИ, КАЖА АНГЕЛОВВчера доцна попладне екипи на Национални шуми  од Крива Паланка заедно со полицијата откриле 30 расфрлани гуми помоѓу нив и дрвја и картонски кутии. (Фото: СДК.МК)

    Спречен е обид за подметнување на пожар во Царев врв, на надморска височина од 2.000 метри, кажа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Тој рече дека вчера доцна попладне екипи на Национални шуми  од Крива Паланка заедно со полицијата откриле 30 расфрлани гуми помоѓу нив и дрвја и картонски кутии.

    „Повеќе од очигледно поставени и подготвени да се предизвика нов пожар. Во близина на местото се наоѓа шума, па пожарот можеше да помине во квалитетна шума и можеше да биде тежок за гасење. Ги повикувам сите граѓани кои ќе забележат сомнителни движења, кои со себе носат дрва, даски и туби со бензин веднаш да пријават на 112“, рече Ангелов.

    Тој на денешната прес-конференција кажа дека на огласот за привремени пожарникари се пријавиле 500 кандидати. Во Скопје бројката е мала односно пријавени се само 50 лица, а се бараа 80.

    „Лицата во наредните два дена ќе бидат контактирани, ќе се изврши обука и селекција на оние кандидати кои ги исполнуваат условите за да бидат вклучени во гасење на пожарите“, рече Ангелов.

    Ангелов апелираше до граѓаните кои имаат куќи во селата и викендици на планинските места да ги одржуваат дворовите, да ја касат тревата и редовно да ја полеваат, за да се спречат нови пожари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира