СРЕДЕ ИЗБОРНА КАМПАЊА, НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ НУДИ ПОМОШ ЗА НЕИСПЛАТЕНИТЕ СУБВЕНЦИИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СРЕДЕ ИЗБОРНА КАМПАЊА, НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ НУДИ ПОМОШ ЗА НЕИСПЛАТЕНИТЕ СУБВЕНЦИИ

    Претставници од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството нудат помош за решавање на проблемите на земјоделците за неисплатените субвенции среде изборна кампања. Им укажуваат до каде е постапката, проблемот со трансферот на одобрените пари или зошто не ги добиле бараните средства на своите сметки соодветно на добиеното решение. Во струмичко Градско Балдовци, дел од вработените од Агенцијата заедно со првиот човек Билјана Вуковиќ ги презентираа поволностите кои се нудат преку програмите за финансиска подршка, но даваа и одговори зошто нема и кога земјоделците ќе ги добијат субвенциите.

    „Станува збор за активност во рамките на Отворените денови на Агенцијата кои ги спроведуваме еднаш годишно. Овде сме за да ги слушнеме потребите на земјоделците во поглед на остварувањето на правото на субвенции. Најмногу поплаки има за исплатата при што констатиравме дека станува збор за технички проблеми. Затоа сме тука да ги решиме“, ни изјави директорката на Агенцијата Билјана Вуковиќ која истакна дека исплатите заради изборите се стопирани и ке продолжат по формирањето нова Влада.

    Административците од Агенцијата, на земјоделците од струмичко Градско Балдовци и околните села им го проверуваа секое решение зa финансиска подршка во системот, пред се, каде е заглавена постапката. Земјоделците реагираа на неисплатени субвенции.

    „Предадов 9 тони црвена пиперка за преработка, а на мојата смерка ги нема двата денари по килограм. Три пати реагирав за овој проблем за да сега ми кажат дека парите ке ги добијам по изборите кога ќе се формирала новата Влада“, ни изјави Ѓорги Трајков земјоделец од Градско Балдовци

    Од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој тврдат дека овие посети по струмичките села се дел од Отворените денови на Агенцијата кои ќе траат до денеска, а започнаа на 16 ноември, четири дена пред отпочнување на кампањата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира