СТАРАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО СТОБИ ЌЕ СЕ ПРЕУРЕДИ ВО ЦЕНТАР ЗА ПОСЕТИТЕЛИ

    СТАРАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО СТОБИ ЌЕ СЕ ПРЕУРЕДИ ВО ЦЕНТАР ЗА ПОСЕТИТЕЛИВо центарот ќе се изложи пронајденото движно наследство од локалитетот Стоби. (Фото: СДК.МК)

    Започна да се обновува старата железничка станица во Стоби, која ќе биде пренамената во центар за посетители. Со ова се реализира проектот за конзерваторско-реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објектот на старата железничка станица и нејзина адаптација. Проектот се финансира од ЕУ преку ИПА фондовите за меѓу гранична соработка со Грција. По завршувањето на градежните работи и уредувањето на објектот, конечно ќе има простор каде ќе се изложи пронајденото движно наследство од локалитетот.

    „Во изминатите години се покажуваше неопходност од потреба за центар за посетители, имајќи предвид дека движниот културолошки слој нашите посетители немаат прилика да го видат. За постојниот објект стара железничка станица, од основањето на Националната установа ‘Стоби’ бил изготвен проект и план за ставање во функција како центар за посетители, аплициран повеќе пати во соодветни владини програми за финансирање на проекти од национален интерес во културата односно капитални проекти. Средства не биле одобрувани сè до донацијата од Европската Комисија преку телото за управување и развој на ИПА прекуграничната програма со Грција. Стручниот тим на ‘Стоби’ работи на креирање поставка“, рече Спасе Перовски, директор на „Стоби“.

    Центарот за посетители ќе ја збогати туристичката презентација на археолошкиот локалитет Стоби, ќе придонесе во зголемувањето на сопствените приходи на установата. Бројните посетители немаат можност да ги видат досега пронајдените предмети и артефакти на локалитетот. Назив на проектот е „Еуропос Платино Стоби – Европското минато иднина и културни вредности“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира