СТОЈМЕНОВ ПОЧНА САМ ДА ГИ УРИВА СТОЛБОВИТЕ ЗА ХОТЕЛОТ НА ПОРАНЕШНО „БЕКО“ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ КАДЕ 4 ГОДИНИ ГРАДЕШЕ БЕЗ ДОЗВОЛА

    СТОЈМЕНОВ ПОЧНА САМ ДА ГИ УРИВА СТОЛБОВИТЕ ЗА ХОТЕЛОТ НА ПОРАНЕШНО „БЕКО“ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ КАДЕ 4 ГОДИНИ ГРАДЕШЕ БЕЗ ДОЗВОЛАПо уривањето, градежникот може да поднесе барање за градба и откако ќе плати комуналии на Општината може да го гради хотелот, бидејќи за тоа постои маркичка според ДУП. (Фото: К. Попов)

    Фирмата „БС Консалтинг“ почна сама да го урива она што досега на диво го изгради за хотелот „ТЦЦ Плаза“. Откако 4 години објектот на поранешно „Беко“ се градеше без дозвола, деновиве со багер почнаа да се уриваат бетонските столбови кои се кренати.

    „Од инвеститорот е добиено известување дека во наредниот период ќе се врши уривање“, велат од Општина Центар.

    Откако ќе се урне дивоградбата, градежникот може да поднесе барање за градба и откако ќе плати комуналии на Општината може да го гради хотелот бидејќи според Деталниот урбанистички план (ДУП) кој е на сила, на тоа место постои маркичка за хотел.

    За досегашното градење Основното јавно обвинителство во мај годинава поднесе обвинение за градењето на диво на хотелот „ТЦЦ Плаза“ против Борислав Стојменов и фирмата „БС Консалтинг“. Обвинението беше поднесено две години откако Општина Центар поднесе кривична пријава против градежникот.

    На градилиштето пред две години дојде до инцидент меѓу сопственикот Стојменов и инспекторите од Општина Центар. Откако испекторите изрекоа една од многуте забрани за градбa, Стојменов се караше, велејќи им дека немаат право да ги стопираат работите и обвинувајќи дека Општината му барала мито од еден милион евра и затоа не му се дава да гради.

    Објектот на ТЦЦ „Плаза“ сопственикот го урна во март 2018, бидејќи од претходното раководство на Општина Центар на чело со градоначалникот Андреј Жерновски добил дозвола за доградба и надградба. Но, при почетокот на градежните работи му било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа го урна објектот, со намера да го гради одново. За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба. Но, бидејќи Општина Центар го воведе мораториумот за градба инвеститорот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. Но и покрај тоа, постојано со прекини се градеше.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира