„БЕКО“ ПАК СЕ ГРАДИ БЕЗ ДОЗВОЛА, ОД ЦЕНТАР ВЕЛАТ ДЕКА СЕ НЕМОЌНИ, УШТЕ ЛАНИ ПОДНЕЛЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ИНВЕСТИТОРОТ СТОЈМЕНОВ, А ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЧЕКА ВЕШТАЧЕЊЕ

    „БЕКО“ ПАК СЕ ГРАДИ БЕЗ ДОЗВОЛА, ОД ЦЕНТАР ВЕЛАТ ДЕКА СЕ НЕМОЌНИ, УШТЕ ЛАНИ ПОДНЕЛЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ИНВЕСТИТОРОТ СТОЈМЕНОВ, А ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЧЕКА ВЕШТАЧЕЊЕОд Основното јавно обвинителство велат  предметот за зградата кај „Беко“ е во предистражна постапка и во моментов се чека извештајот од вештачењето. (Фото: К. Попов)

    Хотелот ТЦЦ „Плаза“, кај поранешно „Беко“ во  строгиот центар на Скопје, повторно се гради на диво. Без градежна дозвола, работници веќе десетина дена со механизација работат на објектот на кој веќе темелите се поставени, изведен е подрумот и ставена е плочата на приземјето, а сега, како што велат работниците на терен, ќе работат на кревање на зградата.

    Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека инвеститорот нема дозвола за градба и дека тие како Општина не можат ништо повеќе да сторат, бидејќи уште пред една година поднеле кривична пријава пријава против Борислав Стојменов и фирмата „БС Консалтинг“ во Обвинителството, од каде уште не е постапено.

    „Во август лани е поднесена крвична пријава за нелегална градба. Повторно е поднесена пријава и годинава во април, а јас дадов исказ во Обвинителството. Ние неколку пати издадовме решенија на инвеститорот да се престане со градба и го затворивме градилиштето, но и покрај тоа се гради. Затоа го повикувам Обвинителството да постапи“, вели Богдановиќ.

    Од Основното јавно обвинителство велат  предметот за зградата кај „Беко“ е во предистражна постапка и во моментов се чека извештајот од вештачењето.

    Објектот на ТЦЦ „Плаза“ сопственикот го урна пред три години, бидејќи од претходното раководство на Општина Центар на чело со градоначалникот Андреј Жерновски добил дозвола за доградба и надградба. Но, при почетокот на градежните работи му било кажало дека темелите на објектот нема да ја издржат надградбата, па затоа го урна, со намера да го гради одново од темели. За да гради нов објект од темел, треба да добие нова дозвола за градба. Но, бидејќи Општина Центар го воведе мораториумот за градба, инвеститорот не смееше да гради и немаше добиено градежна дозвола. И покрај тоа, во мај 2019 почнаа градежни работи, кои иако неколку пати беа прекинува од Општина Центар повторно продолжуваа, па сега објектот е стасан до приземје и се поставуваат арматурите за кревање на катовите.

    Инвеститорот Стојменов во меѓувреме поднел до Општината идејно решение за да добие дозвола за градба, но како што велат од Општината, тоа е одбиено бидејќи според законот не може да се даде дозвола за објект што веќе во дел е изграден. Тоа значи дека инвеститорот може да добие градежна дозвола само ако го урне досега изграденото и потоа поднесе ново барање.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира