СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ МОРА ДА СЕ ПОМАГА ОТИ СОЗДАВА КАДРИ КОИ СЕ БАРАНИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ, РЕЧЕ ЦАРОВСКА ВО ШТИП

    СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ МОРА ДА СЕ ПОМАГА ОТИ СОЗДАВА КАДРИ КОИ СЕ БАРАНИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ, РЕЧЕ ЦАРОВСКА ВО ШТИПМинистерката за образование Мила Царовска во Штип ја пофали комбинираната настава, но и стручната настава со физичко присустио која е неопходна за средните стручни училишта во државата. (Фото: СДК.МК)

    „Го јакнеме средното стручно образование за да создадеме стручни кадри кои се барани на пазарот на трудот и кои веднаш може да се вклучат во производствениот процес. За таа цел активно работиме на обезбедување услови за практична настава за учениците како во самите училишта така и директно во компаниите“, рече министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на Штип и Средното техничко училиште.

    Царовска се запозна и со инвестициите за унапредување на наставата во ова регионално училиште во кои учат ученици и од соседните градови и во поглед на и стручната настава, но и во поглед на реновирањето на училишната спортска сала која не е само училишна, туку е место за тренинзни и натпревари на повеќе спортски екипи во градот.

    Министерката за Царовска го посети и Универзитетот „Гоце Делчев “ и повеќе основни и средни училишта во овој град каде образовниот процес се одвива претежно онлајн , а дел од основците се на настава и со физичко присуство.

    Царовска смета дека хибридниот систем на настава со онлајн и физичко присуство и со строга примена на мерките во време на коронакриза се покажал како пример во регионот.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира