СТРУМИЦА Е ЖРТВА НА КОНФЛИКТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТРУМИЦА Е ЖРТВА НА КОНФЛИКТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ

    Струмица со години не добива никаква поддршка од државата за крупни проекти зашто постојано локалната и централната власт се во конфликт како спротивни политички опции, смета поранешниот пратеник Зоран Витанов. Во шестото издание од ТВ серијалот „Пратеник од доверба“, тој тврди дека градот е жртва на, како што вели, инфантилна политика и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

    Локалните стопанственици се незадоволни што патот до границата со Бугарија е во очајна состојба, а безуспешно бараат и железничко поврзување. Економските аналитичари оценуваат и дека термалните води во неколку села се неискористен потенцијал за развој.
    А, Струмица има да се пофали со карневалот кој израсна во бренд за промоција и на државата. Познатиот фудбалски интернационалец Горан Пандев инвестира 5 милиони евра во модерен спортски центар со сите услови за создавање нови фудбалски асови. Овие две успешни приказни ги спојува една работа – немаат никаква поддршка од државата и особено од пратениците од Струмица.

    „Ниеден од пратениците не покажал интерес за тоа што го правиме, а кога ние сме иницирале средба, сè завршило на обичен разговор“, вели Југослав Тренчовски од Академија Пандев.
    Новинарката Катерина Давчева е оптимистка дека оваа практика целосно ќе се смени со последните избори.
    „Граѓаните се охрабрени со социјалните мрежи и често изнесуваат критики од кои пратениците не можат да избегаат“, вели таа.

    ТВ серијалот „Пратеник од доверба“ е составен од прилози, снимени во шест града, од шесте изборни единици, Тетово, Куманово, Штип, Битола, Струмица и Охрид, со различни профили на соговорници, поранешни пратеници, граѓански активисти и јавни личности од културниот и спортскиот живот и има за цел да ја едуцира јавноста за значењето на функцијата пратеник и да се обезбеди подобра врска меѓу граѓаните и законодавниот дом и со тоа да се подобри квалитетот на претставничката демократија во Македонија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари