СТУДЕНТИТЕ НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЌЕ МОЖАТ ДА ПОЛАГААТ ИСПИТИ НА ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ И ДА ДОБИЈАТ МЕЃУНАРОДНА ДИПЛОМА

    СТУДЕНТИТЕ НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЌЕ МОЖАТ ДА ПОЛАГААТ ИСПИТИ НА ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ И ДА ДОБИЈАТ МЕЃУНАРОДНА ДИПЛОМАСтудентите од бителскиот Универзитет ќе можат да полагаат испити и на универзитети во Германија, Франција, Шведска, Шпанија, Италија, Полска, Литванија и Хрватска.(Фото: СДК.МК)

    Битолскиот универзитетот „Св. Климент Охридски“ презема конкретни мерки за да го спречи заминувањето на младите во странство и за да останат да студираат дома. Универзитетот стана полноправен член во Алијансата на Европскиот универзитет „Колорс“, со што студентите кои студираат на неговите факултети ќе можат да полагаат испити и на универзитети во Германија, Франција, Шведска, Шпанија, Италија, Полска, Литванија и Хрватска. На крај ќе добијат двојна или троја диплома во зависност од бројот на предмети што ги положиле.

    „Битолскиот универзитет е првиот и единствен во државата кој е дел од европска универзитетска алијанса. За првпат се овозможува да се запишете на матичниот универзитет, а да може да полагате предмети на еден од овие девет универзитети членки на Алијансата. Подобра мерка за спречување на одливот на мозоци и привлекување на студенти, не можеме да посакаме. Ова за нас е историски чин, наши студенти да можат да бираат предмети од овие девет универзитети, а да добијат двојна или тројна диплома притоа не бегајќи во странство“, рече ректорот д-р Игор Неделковски.

    Деновиве во Падерборн, Германија, во организација на универзитетот од овој град, се одржа првата официјална средба на членките на Алијанската „Колорс“, која обединува девет европски универзитети со околу 126.000 студенти и 12.300 вработени.

    Европските алијанси се иницијатива на ЕУ и во иднина се планирани да се формираат 60 универзитетски алијанси со околу 500 универзитети членки во кои ќе се добиваат заеднички меѓународни дипломи. Во иднина ќе биде потребен период за адаптација на дел од правната регулатива, посебно на начинот за признавање на стекнатите кредити и законско дефинирање на повеќекратната диплома.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира