СУДСКА НАРЕДБА ЗА ОДЗЕМАЊЕ ВИДЕО МАТЕРИЈАЛ ОД ОПШТИНА ВО КАВАДАРЦИ ПО ОБИДОТ ЗА ИЗБОРЕН ПОТКУП

a:1:{s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДСКА НАРЕДБА ЗА ОДЗЕМАЊЕ ВИДЕО МАТЕРИЈАЛ ОД ОПШТИНА ВО КАВАДАРЦИ ПО ОБИДОТ ЗА ИЗБОРЕН ПОТКУП

    Издадена е судска наредба за одземање на видео запис од општинската зграда во Кавадарци по претходно барање од обвинителството поради основано сомневање за сторено кривично дело поврзано со изборите. Со наредбата издадена синоќа и се наложува на полициската станица Кавадарци да го одземе видео записот и предаде на понатамошно постапување во обвинителството.

    Судската наредба е обезбедена откако вчера во полицијата стигнала пријава за обид за поткуп пред претстојните избори.

    Претседателот на Основен суд Кавадарци Зоран Јосифовски денеска потврди дека синоќа во 22 часот и 30 минути од страна на Обвинителството било поднесено барање за одземање на видео запис од општинската зграда, поради основано сомневање за сторено кривично дело поврзано со изборите.

    Околу 23 часот и десет минути судот издал таква наредба, видео материјалот веднаш да биде одземен од страна на кавадаречката полиција.

    „Тука престанува обврската на судијата на претходна постапка“, вели Јосифовски. Тој информираше дека во судот има систем на дежурства и ќе се реагира веднаш при евентуално формирање на итни предмети.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира