СУДСКАТА НАРЕДБА БЕШЕ ЗА ПРЕТРЕС, НЕ И ЗА ПРИВЕДУВАЊЕ НА КУМАНОВСКИОТ НАЧАЛНИК, ТВРДАТ ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО НА ЗВРЛЕВСКИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДСКАТА НАРЕДБА БЕШЕ ЗА ПРЕТРЕС, НЕ И ЗА ПРИВЕДУВАЊЕ НА КУМАНОВСКИОТ НАЧАЛНИК, ТВРДАТ ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО НА ЗВРЛЕВСКИ

    Судија на претходна постапка од Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 издал наредба за претрес на домот на началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ, но не и за негово приведување, соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

    „Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни за кривичната постапка и нивно одземање. Одземени се предмети што содржат податоци во писмена форма и предмети што содржат податоци во електронска форма, во врска со кривични дела – Злосторничко здружување од чл.394 и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик, како и други кривични дела за кои се гони по службена должност“, соопштија  од Обвинителството на Марко Зврлевски.

    „Имајќи ги предвид информациите пласирани во медиумите во врска со преземеното дејствие, особено изнесените информации дека требало да се приведува лицето С.В. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека преземените дејствија согласно издадената судска Наредба се само за претрес на дом, не и приведување на лицето“, додаваат во соопштението.

    Упадот на специјалци во куќата на на началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ беше извршен синоќа по 18 часот, по што стотина граѓани се собраа со цел да го сперечт неговото приведување. Причината  за претресот се наводни изборни нерегуларности, поткуп со огревно дрво на социјално загрозени семејства во изборната кампања.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира