Тетово ја испрати првата пратка хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Драч и Тумане во Албанија. За многу кратко време собрани се десетици тони брашно, масло за јадење, вода и друг вид храна, како и облека и ќебиња. На веста за катастрофалниот земјотрес во Албанија реагираше и
локалната самоуправа.
„На вонредната седница на Советот на Општина Тетово донесовме две одлуки. 27 и 28 ноември ги прогласиме за денови на жалост во Општина Тетово и доделуваме финансиска помош за настраданите во износ од еден и пол милиони денари“, изјави претседателот на Советот на Општина Тетово, Беким
Мемети.
Акцијата за прибирање хуманитарна помош продолжува и понатаму и втората пратка се очекува да замине за Албанија во попладневните часови.
З. АНДОНОВ