ТЕТОВО ВГОДИНА ЌЕ ДОБИЕ КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТЕТОВО ВГОДИНА ЌЕ ДОБИЕ КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМ ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

    Претставници од Министерството за животна средина денес во Општина Тетово го презентираа проектот за изградба и реконструкција на колекторски систем во кој ќе биде вклучена и изградба на пречистителна станица за отпадни води. Освен градот, овој колекторски ситем ќе ги опслужува и селата Порој, Џепчиште, Фалише, Голема и Мала Речица и ќе опфати околу 95.000 жители а ќе биде со вкупна должина од 80 километри. Пречистителната станица се предвидува да биде изградена во атарот на село Фалише. Според проектот, во март годинава се очекува да започне набавката на материјалите, а на почетокот на 2018 се предвидува да се започне со изградба на пречистителната станица.

    Освен пречистителната станица акцент во проектот се изградба и реконструкција на канализационата мрежа.

    „Канализационата мрежа и колекторските системи исто така ќе се реконструираат поради големиот број оштетувања настанати од оптоварување на мрежата, посебно во дождливиот период од годината“, изјави заменик-раководителот на проектот за отпадни води Дирк Фицке.

    Вкупната инвестиција за овој проект кој ќе се спроведува и во општините Битола и Струмица изнесува 62 милиони евра во кои ЕУ ќе учествува со 50 милиони евра, додека само за Тетово проектот е вреден 27,8 милиони евра, а Европската Унија има издвоено 22 милиони евра. Овој проект беше најавен во ноември минатата година од  амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, кој заедно со својот колега амбасадорот на Кралството Шпанија, Абароа Каранса беа во посета на Општина Тетово.

    Отпадните води од домаќинствата и индустријата во Тетово и околината во моментов се нетретирани и директно, преку реката Пена влегуваат во реката Вардар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира