ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА И ПРЕКУ КАМПАЊА ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ ПЕТАРДИ

    ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА И ПРЕКУ КАМПАЊА ЌЕ СЕ БОРИ ПРОТИВ ПЕТАРДИНа повеќе јавни места се истакнати постери со превентивни пораки (Фото: СДК.МК)

    Секторот за внатрешни работи Тетово-Отсек за превенција започна со кампањата „Не користи петарди и пиротехнички средства“. На повеќе јавни места во Полошкиот Регион се истакнати 210 постери и дистрибуирани се 1.500 флаери на македонски и на албански јазик со превентивни пораки против употребата на петарди и други пиротехнички средства.

    „Покрај овие активности, од денеска се организираат и состаноци со граѓански советодавни групи, на кои се укажува на законските и други импликации доколку се набавуваат, продаваат и активираат петарди и друга пиротехника. Полициски службеници непосредно ги запознаваат и сопствениците на продавници и тезги на кои се нудат новогодишни украси и други реквизити, а засилени се и контроли на возила. Овие активности ќе продолжат и во наредните денови, со цел да се спречат неовластениот промет и употребата на пиротехнички средства“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    Оттаму најавуваат дека ќе се санкционираат сите кои нема да се придржуваат на законските прописи и мерки. Во акција на тетовската полиција вчера беа запленети 26.000 петарди и друга пиротехника.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира