ТЕТОВСКИ ПОЖАРНИКАРИ ЗАМИНАА ЗА ТУРЦИЈА ДА ПОМОГНАТ ВО СПРАВУВАЊЕТО СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ

    ТЕТОВСКИ ПОЖАРНИКАРИ ЗАМИНАА ЗА ТУРЦИЈА ДА ПОМОГНАТ ВО СПРАВУВАЊЕТО СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТТетовските пожарникари се обучени за давање помош при елементарни непогоди (Фото: СДК.МК)

    Општина Тетово и Територијалната противпожарна единица испратија специјализирана екипа пожарникари во Турција. Тетовските пожарникари, кои се обучени за давање помош при елементарни непогоди, ќе помагаат во пронаоѓање и спасување на луѓето кои останаа под урнатините по вчерашниот катастрофален земјотрес.

    „Во знак на солидарност и поддршка, испраќаме група од деветмина лиценцирани пожарникари за елементарни непогоди од Територијалната противпожарна единица Тетово. Екипата е опремена со противпожарна опрема и опрема за пребарување и спасување. Тие заминаа за југоисточниот дел на Турција за да му помогнат на турскиот народ“, велат од Општина Тетово.

    Градоначалникот Билал Касами изрази солидарност со турскиот народ по разорниот земјотрес.

    „Во овие тешки моменти стоиме во солидарност со турскиот народ по разорниот земјотрес што погоди неколку градови на југоистокот од Турција. Сочувство за изгубените животи, додека на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, напиша Касами.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира