ТЕТОВСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ДВА МЕСЕЦА УЧАТ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТЕТОВСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ДВА МЕСЕЦА УЧАТ ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА

    Изминаа два и пол месеци, а тетовските гимназијалци од македонските паралелки сѐ уште не седнаа во училишните клупи. Тие се решени да ја бојкотираат наставата сѐ додека не добијат соодветен простор за одржување на наставата. По протестите на градскиот Плоштад на почетокот од учебната година тие се преселија во зградата на Општина Тетово, каде во големата општинска сала се одржува импровизирана настава. Нивните барање се повеќе да не учат во просториите на Работничкиот универзитет и да им се изгради нов објект во дворот на тетовската гимназија. Учениците, нивните родители и наставниците од македонските паралелки, во преговорите со Општината се согласија, како времено решение до изградбата на новиот објект, наставата да ја одржуваат во двете згради на старото медицинско училиште. На почетокот се ветуваше дека овие простории ќе бидат брзо адаптирани, но нивната реконструкција се оддолжи веќе два месеци.

    “Реновирањето на првата зграда е целосно завршено. Останува само во три училници да се донесат клупи и столчиња и друг ситен инвентар. При крај е и реконструкцијата на втората зграда. Овде има помалку работа и веруваме дека работите ќе завршат за една недела“, изјави Ахмет Ќазими раководител на секторот за Јавни дејности на Општина Тетово.

    Додека трае реконструкцијата, наставата на македонските паралелки и понатаму се одвива во општинската сала со крајно скратени часови и настава по години, а не по класови. Но и покрај вака лошите услови за работа, и учениците и наставниците се решени да истраат во своите барања.

    “Иако има родители кои бараат прво двете згради од старото медицинско училиште целосно да се реновираат па потоа таму да се префрлат учениците, сепак во во интерес на наставата можно е да се започне наставата во првата зграда, но само ако добиеме информации дека реконструкцијата е целосно завршена и се исполенти сите наши барања. Тогаш овде би оделе шест паралелки, додека другите шест ќе останат да учат во општинската сала сѐ додека не се оспособи за настава и втората зграда од старото медицинско училиште. Вакви беа нашите барања од почетокот и ние не одстапуваме од нив. Можно е уште неделава да се почнеме со настава таму, но имаме сознанија дека дел од училниците не се целосно опремени“ вели Катарина Наумовска, помошник директор во гимназијата “Кирил Пејчиновиќ“.

    И додека тетовските гимазијалци чекаат да се реши нивниот просторен проблем, основците од училиштето „Лирија“ од Тетово од пред неколку дена учеат во три смени, бидејќи вториот кат од училиштето е затворен поради тоа што им прокисна покривот и почна да паѓа малтер по ходниците и училниците.

    “Вчера имаше претставници од Министерството за образование кои ни рекоа дека проектот за санација на покривот е веќе готов и е прифатен од Владата, но не може да започне неговата реализација пред да се завршат сите тендерски процедури.

    Сега работиме во три смени а чекаме да добиеме решение од министерството да може да работиме со скратени часови додека не се  реконструира покривот. Ако не послужи времето се надеваме дека реконструкцијата ќе биде некаде во јануари идната година“ изјави директорката на ОУ „Лирија“ Шпреса Исеини.

    Освен овие проблеми, тетовското школство на почетокот на учебната година имаше проблеми со превозот на учениците од околните села до средните училишта во градот. И за ова имаше протести на учениците пред општинската зграда, но тој проблем набрзо беше решен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира