ТЕТОВСКИТЕ УЧЕНИЦИ УШТЕ СЕДАТ ДОМА, ДИРЕКТОРОТ БАРА НОВО ТЕХНИЧКО РЕШЕНИЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТЕТОВСКИТЕ УЧЕНИЦИ УШТЕ СЕДАТ ДОМА, ДИРЕКТОРОТ БАРА НОВО ТЕХНИЧКО РЕШЕНИЕ

    Нема техничка можност тетовската гимназија да работи во три смени. Иако ова, како времено решение, беше договорено минатата недела по протестот на учениците од македонските паралелки, произлезе дека ваквиот вид настава не можно да се реализира. Дотогаш, учениците од македонските паралелки седат дома, а професорите и директорот на гимназијата бараат други технички решенија за продолжување на наставата.

    “Иако на средбата што ја имавме со градоначалничката на Тетово, со родителите на учениците и одговорните на секторот за образование, се договоривме наставата да продолжи во три смени, се увиде дека има технички проблеми кои оневозможуваат да се организира настава во три смени во главната зграда на гимназијата. Сепак, ние остануваме во решавањето на проблемот учениците Македонци и учениците Албанци да учат во ист објект, но за да се реализира ова сега разгледуваме едно друго техничко решение и до него верувам брзо ќе дојдеме“ изјави Намиккемал Мустафа, директороТ на гимназијата „Кирил Пејќиновиќ“ во Тетово. Тој не сакаше да ги коментира шпекулациите дека некои професори ја бојкотирале наставата поради предложеното решение да се работи во три смени.

    Во барање на соодветно решение вклучени се и родителите на учениците Македонци.

    “Ние претпоставувавме дека ќе се случат вакви проблеми бидејќи за да организирате настава во три смени со скратени часови е многу компликувано. Ние треба да бидеме трпеливи, има време да се надомести пропуштената настава, но желбата дека има расположение со финансиска поддршка на ОБСЕ и УСАИД, како што најави градоначалничката, можно е овој проблем брзо да се надмине бидејќи се работи за мали адаптации и прилагодување за да може да се одржи наставата во две смени. Во овој момент потребно е поголемо ангажирање на Владата и соодветните министерства за решавање на овој проблем“, изјави Томислав Стојановски член на Одборот на родители.

    Тетовските гимназијалци од паралелките на македонски јазик заедно со нивните професори и родители на први септември излегоа на протест барајќи соодветни услови за школување. Тие половина од минатата учебна година учеа во просториите на Работничкиот универзитет во Тетово, каде немаше елементарните услови за одвивање на наставата.  Иако општината има изготвен проект за изградба на нов објект сместен во дворот на гимназијата, а кој би бил наменет за учениците од македонските паралелки, тој не може да се реализира поради одредени административни и градежни пречки од ресорните министерства. И додека не се изнајде соодветно решение овие ученици остануваат дома, до кога и тие самите не знаат.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари