Вработените од фирмата „Ана Агро“ која го доби тендерот за заловување на кучињата скитници во Општина Тетово апелира до граѓаните доколку забележат кучиња скитници кои немаат маркица на увото истите да ги пријават во фирмата за да бидат заловени и третирани.
„Граѓаните можат да пријават бездомно куче без ушна маркица на телефонскиот број 075 999-950 во периодот од 9 до 15 часот во текот на работната недела. Нашиот тим посветено работи на заловување и спроведување хуман третман на бездомните кучиња за решавање на овој долгогодишен проблем. Граѓаните можат да ни испратат фотографија со локација на која се наоѓаат бездомните кучиња на кои им е потребен хуман третман и згрижување“, апелираат од прифатилиштето „Ана Агро“.
Ова прифатилиште за кучиња ситници е лоцирано во село Ратае, а освен во Тетово, има надлежност да ги третира и кучињата скитници во селата Бозовце, Бродец, Вејце, Вешала, Гајре, Голема Речица, Ѓермо, Једоарце, Лавце, Лисец. Мала речица, Отуње, Порој, Сараќино, Сетоле, Фалифе, Џепчиште и Шипковица.
Друштвото за грижа на бездомни кучиња „Ана Агро“ неодамна склучи едногодишен договор со Општина Тетово за решавање на проблемот со бездомните животни за што од Општината треба да добие над 2,5 милиони денари за 12 месечно ангажирање околу третманот на бездомните кучиња.
З.АНДОНОВ