ТЕТОВЦИ В ЧЕТВРТОК ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТА

    ТЕТОВЦИ В ЧЕТВРТОК ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТАОрганизацијата на протестот се одвива преку социјалните мрежи, закажан е за четврток во 19 часот на плоштадот во Тетово. (Фото: СДК.МК)

    Активисти од Тетово најавуваатпротест поради зголемување на цената на електричната енергија. Организацијата на протестот оди преку социјалните мрежи, а закажан е за четврток во 19 часот на плоштадот во Тетово.

    На 31 јули, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски кажа дека електричната енергија за сите потрошувачи од идниот месец поскапува за 7,4 проценти.

    „Ние знаеме дека со оваа одлука за зголемување на цената на струјата, ќе влијаеме врз сите крајни потрошувачи. Сега сметка на пример од 1.500 денари, ќе добие плус 100 денари“, пресмета Бислимовски.

    „Водени од бројните реакции на граѓаните по неодамнешното покачување на цената на електричната енергија за покривање на загубите на производителите, но и од реакцијата на граѓаните за неправилни услуги на енергетските компании кон нив и мотивирани да се обезбеди решение за стариот проблем кој досега не бил доволно решен, со цел да се спречат насилни и радикални реакции и однесување на одредени групи на лути граѓани, ги повикиваме граѓаните на Тетово и околните места да ни се придружат на протестот“, соопшти иницијативниот одбор за протестот.

    Тие ги повикуваат граѓаните на Тетово преку овој протест да се спротистават на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за зголемување на цената на електричната енергија; да реагираат на монополот на услугите на компанијата ЕВН и нивното неправилно однесување кон потрошувачите, да се побара распуштање на РКЕ, и дасе  побара формирање на независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира