ТЕУТА АРИФИ ИМА КОВИД-19, ВАКЦИНИРАНА СО ДВЕ ДОЗИ ПРЕД МЕСЕЦ И ПОЛ

    ТЕУТА АРИФИ ИМА КОВИД-19, ВАКЦИНИРАНА СО ДВЕ ДОЗИ ПРЕД МЕСЕЦ И ПОЛБлагодарение на вакцинацијата сега имам само благи симптоми, па ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што поскоро, објави градоначалничката Арифи. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалничката на Тетово Теута Арифи објави дека од вчера е позитивна на ковид-19 и дека има благи симптоми, а пред месец и пол ја примила втората доза на вакцината. Таа вели дека благодарение на вакцинацијата сега има само благи симптоми и ги охрабрува сите што поскоро да се вакцинираат.

    „Иако ја примив втората доза на вакцината пред повеќе од месец и пол, вирусот е сè уште меѓу нас и може секого да погоди! Благодарение на вакцинацијата сега имам само благи симптоми, па ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што поскоро! Останете внимателни и одговорни, заштитете се себеси, семејството и другите околу вас!“, објави на Фејсбук Арифи и рече дека ќе остане во изолација и ќе ја зема соодветната терапија, според здравствените протоколи.

    Арифи пред 12 години се бореше со рак на дојка, а беше дијагностицирана додека беше бремена со второто дете. Таа е една од првите политичарки која отворено јавно прозборе за својата болест и е проминентна активистка за кревање на свеста за борбата против рак на дојка.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира