ТЕВДОВСКИ, ФИЛИПЧЕ И МАНЧЕВСКИ ВИКЕНДОВ НА „ОХРИД ТРЧАТ“ ЌЕ БИДАТ ВО ТИМОТ НА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

    ТЕВДОВСКИ, ФИЛИПЧЕ И МАНЧЕВСКИ ВИКЕНДОВ НА „ОХРИД ТРЧАТ“ ЌЕ БИДАТ ВО ТИМОТ НА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИМинистерот за финансии Драган Тевдовски на ланскиот маратон во Охрид, на кој исто така трчаше за лицата со ретки болести (Фото:СДК.МК)

    Поддршка на пациентите со ретки болести и подигање на јавната свест за состојбата на овие лица, викендов во Охрид на атлетскиот маратон „Охрид трчаТ“ ќе дадат граѓани спортисти, пациенти и политичари. Во тимот на ретки болести ќе трчаат министрите за здравство, финансии и информатичко општество, Венко Филипче, Драган Тевдовски и Дамјан Манчевски.

    Гордана Лолеска, активист на здружението на пациенти со ретки болести „Живот со предизвици“, еден од ораганизаторите на настанот, вели дека и годинава целта на трката е да се подигне јавната свест дека е потребна навремена дијагноза и лекови за лицата со ретки болести.

    „За лицата со ретки болести ќе трчаат професионалци, но и самите лица, како и нивните родители. И професионалците, но и граѓаните ја поддржаа нашата идеја да трчаат за лицата со ретки болести и на тој начин да помогнат во подигање на јавната свест за проблемите и потребите на овие лица. За прв пат на ‘Охрид трчаТ’ ке присуствуваат пациенти со седум ретки дијагнози“, вели Лолеска.

    Годинава на „Охрид трчаТ“ се пријавени околу 60 учесници, а  ќе се оддржи на неколку локации. Главните трки кои ќе се одржат во недела на 3-ти јуни, односно градска трка на 10.000 метри и рекреативна трка 5.000 метри.

    РЕГИСТАРОТ ЗА РЕТКИ БОЛЕСТИ ГОТОВ ДО КРАЈ НА ЈУНИ

    Регистарот за пациенти со ретки болести ќе биде готов до крајот на следнит месец, а наскоро ќе почне изработка и на регистар за малигни заболувања.
    „Сега немаме соодветен начин на регистрирање на пациенти со малигните заболувања и ретки болести според европските критериуми. Тоа ни беше забележано и во поселедниот извештај за напредокот на Македонија од Европската комисија. Регистарот за ретки болести е веќе при крај и тој ќе го завршиме до крај на јуни. Со помош на истражувачкиот центар од Европската комисија ќе почнеме со формирање на регистар за малигнини заболувања, како во болнички услови, така и меѓу населението, па ќе имаме попрецизна слика“, рече Филипче.
    Овие регистри се неопходни за да се знае точниот број на пациенти соодветно на дијагнозата, а врз основа на податоците од нив да се преземаат и соодветни политики за третман на пациентите.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира