ТРАГЕДИИ ДА НЕМА НИКАДЕ ВО СВЕТОТ, А ЧОВЕКОТ ДА СЕ БОРИ САМО НА ПОЛЕТО НА ЉУБОВТА – ПОРАКА ОД ПАНИХИДАТА ВО БИТОЛА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО МОСКВА

    ТРАГЕДИИ ДА НЕМА НИКАДЕ ВО СВЕТОТ, А ЧОВЕКОТ ДА СЕ БОРИ САМО НА ПОЛЕТО НА ЉУБОВТА – ПОРАКА ОД ПАНИХИДАТА ВО БИТОЛА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО МОСКВАВо Битола се одржа панихида за загинатите невини жртви во терористичкиот напад во Москва. (Фото: СДК.МК)

    Пред Рускиот крст во Битола, споменик подигнат во чест на поранешниот руски конзул Александар Ростковски (1860-1903), Здружението за македонско- руско пријателство организираше панихида за загинатите невини жртви во терористичкиот напад во Москва.

    „Посакуваме никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија. Се надеваме дека вакви настани во иднина нема да има ни кај нас, ни во Русија, ни никаде во светот“, рече Драган Романски претседател на Сојузот на здруженијата за македонско-руско пријателство.

    Драги Анастасовски, претседател на Здружението „Александар Аркадјевиќ-Ростковски“ од Битола изјави дека се молат што поскоро „да заврши оваа  братоубиствена воја и сите војни во светот. Човекот е создаден за вечност и единствената битка и бојно поле на кое е повикан да се бори е љубовта“.

    Во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ близу Москва во петокот загинаа најмалку 137 луѓе, а ранети се 182. Во најсмртоносниот напад на руската територија во последните две децении, четворица вооружени напаѓачи упаднаа во салата додека илјадници луѓе чекаа да почне рок концерт. Руските власти ги уапсија и идентификуваа напаѓачите како државјани на Таџикистан и тие се обвинети за тероризам.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира