ТРЕБА ИТНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЗА СПАС НА МАНАСТИРСКИОТ КОМПЛЕКС ВО МАТЕЈЧЕ, КАЖА МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА

    ТРЕБА ИТНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЗА СПАС НА МАНАСТИРСКИОТ КОМПЛЕКС ВО МАТЕЈЧЕ, КАЖА МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРАЦрквата во Матејче од почетокот на годината двапати беше мета на крадци, кои го извадија оловото од покривот. (Фото: Министерство за култура)

    По последните вандалски оштетувања ,на кровот на црквата „Успение на Пресвета Богородица” во Матејче му се потребни итни превентивни интервенции усогласени со сите субјекти на централно и локално ниво, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која денеска го посети манстирскиот комплекс во општина Липково. Црквата во Матејче од почетокот на годината двапати беше мета на крадци, кои го извадија оловото од покривот.

    Во увидот на состојбата биле и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, директорот на Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) Ариан Арсланај и директорот на Националниот конзерваторски центар Мемет Селмани.

    „Само во заедничка координација, преземените мерки и заштитни интервенции ќе имаат подолготраен ефект и ќе ја обезбедат потребната заштита“, вели Костадиновска-Стојчевска.

    Таа кажа дека се работи на изнаоѓање на соодветно решение за црквата и целиот манастирски комплекс да се ревитализира и да се стави во функција на посетителите.

    Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ е прогласена за културно наследство во опасност од минатата година, но таа нема физичка ни видео заштита, па е цел на вандали.  Државата и покрај најавите не направи ништо за нејзина заштита и промоција.

    Mанастирскиот комплекс „Успение на Пресвета Богородица“ кој се наоѓа во атарот на селото Матејче, претставува културно наследство од највисока вредност, а црквата во овој комплекс од средината на XIV век го содржи најобемниот фрескоансамбл на наша територија. Црквата е еден од најзначајните објекти во Македонија и нејзината грандиозна и велелепна архитектура може да се спореди само со црквата „Света Софија“ во Охрид. Меѓутоа, црквата се ноаѓа во очајна состојба откако во неа беше сместен штабот на УЧК во 2001 година. Во воениот конфликт голем дел од црквата беше уништен, фреските оштетени, а одмаралиштето разурнато и запалено.

    Кражбата на оловото случајно ја открија ловџии, кои биле во планината и пријавиле во полиција

    „Го извадиле оловото од двата свода, останало само на куполата. Таму каде што не можеле лесно да ги откорнат плочите ги ваделе со копач. Уште им стои скалата на која се качувале, ја врзале со јаже за да не им падне. Ќе се вратат да ја довршат работата, нема кој да им смета“, велат револтирано ловџиите, кои тогаш не контактираа.

    Тие јавно ги повикаа надлежните институции и полицијата да го игнорира дивеењето на поединци и да не преземат ништо да го заштити културното наследство на државата.

    С. НИКОЛИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира