ТРЕТИОТ ТЕСТ НА ГИНЕКОЛОГОТ ОД БИТОЛА Е НЕГАТИВЕН НА КОРОНАВИРУС, ТВРДИ СЕМЕЈСТВОТО

    ТРЕТИОТ ТЕСТ НА ГИНЕКОЛОГОТ ОД БИТОЛА Е НЕГАТИВЕН НА КОРОНАВИРУС, ТВРДИ СЕМЕЈСТВОТОИмаме и втор, резервен тим на доктори и медицински сестри, кои веднаш би можеле да ја заменат првата постава на медицинските лица.Но сепак, во името на разумот, на одговорноста која ја носиме и пред се поради здравјето на сите нас, нашите вработени, нашите пациенти, одлучивме болницата да биде затворена и воопшто да не работи до 13 април - од видео обраќањето на сопственикот на болницата д-р Таше Трпчевски (Фејсбук)

    Гинекологот од приватната болница „Плодност“ од Битола, д-р Христија Трпчевски, првиот битолчанец кој беше регистриран позитивен на коронавирус, сега е негативен, велат од неговото семејство.

    Таткото на Христијан, познатиот битолски гинеколог Таше Трпчевски, инаку, сопственик на приватната гинеколошко-акушерска болница „Плодност“ на Фејсбук објави дека негативни се сите од семејството Трпчевски на Ковид-19, вклучително и Христијан.

    „Во домот живееме како петчлено семејство, јас со мојата сопруга Гордана, синот Христијан, снаата Емилија и малото бебе. Сите петмина, вклучувајќи го и бебето, бевме тестирани на корона вирусот. На д-р Христијан Трпчевски, во само 6 дена, тоа му беше трето тестирање. За радост на целото семејство, сите пет резултати кои беа земени во саботата, се негативни и сите сме во добро здравје“, напиша Таше Трпчевски, татко на гинекологот Христијан.

    Тој појаснува дека на неговиот син минатиот понеделник првиот тест му бил негативен, во петокот позитивен, а од саботата кога сите се тестирале пристигнале резултатите дека се негативни.

    „Во изминативе денови, навистина се соочувавме со страв, неизвесност и голема одговорност. Дали д-р Христијан Трпчевски имаше или немаше коронавирус, останува отворено прашање, за кое медицината треба да одговори. Иако фамилијарно сите сме лекари, немаме одговор за оваа состојба“, напиша Таше Трпчевски.

    Во саботата од Министерството за здравство беше соопштено дека во Битола беше регистриран првиот заболен од КОВИ-19. По ова, на својот фејсбук профил докторот Христијан самиот соопшти дека е позитивен реагирајќи дека лошите коментари на социјалните мрежи се шират побрзо од коронавирусот. Напиша дека направил два теста и на вториот бил позитивен.  Доколку не инсистирал,  ова ќе поминело како обилчен грип, но тој со неговата совесност барал да се тестира и така болеста се открила.

    Сепак, „Плодност“ останува затворена до 13 април, до кога ќе се направи и дополнителна дезинфекција на клиниката, а семејството останува во самоизолација.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира