Три лавчиња се родија во скопската Зоолошката градина по над 20 години, соопшти Град Скопје.
Директорот на Зоолошката Кристијан Стаменов вели дека лавчињата се стари неколку дена, а посетителите ќе може да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште.
Град Скопје најави дека скопјани ќе може да учествуваат во изборот на имињата на лавчињата.