ТРИ МАТИЧНИ АМБУЛАНТИ СЕ ЗАТВОРААТ ВО ВЕЛЕС ОВОЈ МЕСЕЦ, СЛЕДАТ УШТЕ 20 ВО БИТОЛА, ОХРИД И ПРИЛЕП, КАЖАА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ НА ПРОТЕСТОТ

    ТРИ МАТИЧНИ АМБУЛАНТИ СЕ ЗАТВОРААТ ВО ВЕЛЕС ОВОЈ МЕСЕЦ, СЛЕДАТ УШТЕ 20 ВО БИТОЛА, ОХРИД И ПРИЛЕП, КАЖАА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ НА ПРОТЕСТОТПациентите го почитуваа протестот на матичните лекари и приватните лекари од секундарното здравство, кажа д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари ЗПЛМ).

    Лекарите од приватното здравство денеска протестираа, беа на работа но амбулантите беа празни и немаше пациенти. Таква била состојбата во повеќето градови од земјава, освен во Скопје. Пациентите го почитуваа протестот на матичните лекари и приватните лекари од секундарното здравство, кажа д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ).

    Приватните лекари бараат итно да почне да се разговара за режимот на препишување лекови, за покачување на вредноста на капитацијата. За ова беше договорено да се формираат работни групи и со Министерството за здравство и со Фондот за здравство, но во рокот кој надлежните здравствени власти сами со го дадоа, не го почитуваа. Заменик-министерот за здравство потврди дека една третина, околу 500 лекари од 1.400 од приватното здравство, примаат минимална плата.

    „Овој месец поради лошата состојба во приватното здравството три матични амбуланти во Велес ќе бидат предвреме затворени, бидејќи докторите решиле да заминат во пензија. Во наредниот ќе се затворат околу 20 амбуланти во Битола, Охрид и Прилеп“, кажа д-р Лили Чолакова-Дервишова.

    „Со сите градови пациенти го почитуваа протестот. Во Скопје имало поголем број интервенции, повеќе итни случаи, разбирливо оти е поголем град. Во сите останати, координаторите кажаа дека немало реакции од пациентите“, вели Чолакова-Дервишова.

    Во Битола, пациенти велат дека кога дознале за протестот вчера биле кај нивните матични лекари и ги препишале потребните лекарства, па имало поголема фреквенција во аптеките. Протестот без проблеми се одвива и во Тетово и Куманово.

    „Пријатно сме изненадени од одѕивот на пациентите, тие не доаѓаат во амбулантите. Изминати две години кога беше најтешко, знаат дека матичните лекари беа со нив 24 часа, немавме работно време и веројатно благодарноста ја искажаа на овој начин, со поддршка за нашите проблеми“, кажа д-р Ѓоре Дервишов.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира